Во понеделникот биле регистрирани 1.610 прекршувања, кои секојдневно се зголемуваат (1.839 во вторникот, 2.104 во средата, 2.286 во четвртокот), а во текот на вчерашниот ден била изречена 2.451 казна.
По неколкудневниот пад на новодијагностицирани со „Ковид-19“, кога беа регистрирани по седум до девет случаи, во последното деноноќие во Албанија новозаразени се 17 лица, со што вкупната бројка се зголеми на 433 лица, јави дописничката на МИА од Тирана.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека нема потреба за прогласување вонредна состојба во земјата поради епидемијата на коронавирусот.
Основното обвинителство во Приштина ѝ наложи денеска на косовската полиција да покрене истрага во врска со заканата по живот што вчера, преку социјални мрежи, беше упатена кон вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.
До 27 април 2020 година се продолжува мерката за забрана за работа на продавниците во Грција, која исто така важи и за организираните приватни и јавни плажи и ски центрите, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Албанија, од вкупно 433 заразени со Ковид-19, 16 се деца, кои се во добра состојба, изјави Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита.
Во источниот дел на грчкиот остров Крит, во близина на градот Ситиа, во 13.22 часот по локално време беше регистриран земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер, согласно Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците на Министерството за здравство на Словенија, изминатото деноноќие се направи нови 1.232 тестирања, со кои се потврдени 28 случаи на новозаразени со коронавирусот.
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека во текот на вчерашниот ден се потврдени нови 23 случаи на заразени од новиот коронавирус, со што официјалната бројка на носители на Ковид-19 во земјата достигна до 250, јави дописникот на МИА од Приштина.
Владата на Лудовик Орбан подготвува нацрт-закон со кој ќе се намалат платите на високите функционери за 25 проценти за време на вонредната состојба, изјавиле политички извори за романскиот весник „Адеверул“.