Според податоците на Националниот институт за јавно здравје во Словенија се потврдени 43 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Социјалното дистанцирање и зголемувањето на капацитетот на болниците е единственото нешто што може во овој момент да го направиме во борбата против коронавирусот, смета словенечкиот инфектолог Андреј Трампуж.
– Помошта вчера беше доставена со шест авиони, а во текот на ноќта и утринава, на аеродромот Батајница слетаа уште пет авиони, соопштија од српското Министерство за одбрана.
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека вчера се потврдени нови шест случаи кои, од извршените испитувања во текот на денот, резултирале позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 132
Федерацијата на слободни синдикати на Словенија е разочарана од мерките на Владата за помош на работниците и економијата погодени од епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
До 13 мај е продолжена вонредната состојба во Бугарија по предлог на Министерскиот совет и врз основа на Уставот.
Во Албанија во тек е ослободувањето на осудените лица кои добија привремени тримесечни дозволи поради ситуацијата создаде од Ковид-19.
Пациентите кои се позитивни на коронавирус и кои се наоѓаат во карантин на Белградскиот саем, најавуваат штрајк со глад доколку не им се даде можност за повторување на тестирањето, соопшти белградската ТВ Н1.
Во изминатите 24 ласа во Грција уште шест лица го загубија животот од коронавирусот, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 59, додека пак регистрирани се 99 нови случаи на заразени со Ководи-19.
Во Албанија регистрирана е уште една жртва од Ковид-19 со што бројот на починатите од овој опасен вирус се зголеми на 17 лица.