Мојата позиција е цврста, а тоа е дека историскиот договор треба да помине и да се заврши. Изборот на неактивност чинеше многу скапо, вели портпаролот на пратеничката група на Независни Грци и пратеник, Танасис Папахристопулос за грчкото радио „Реал фм“.
Помали инциденти избија на протестите што се одржуваат во Солун и Атина, организирани од учениците и студентите во рамки на активностите за одбележување на 10-годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Косово ги истражува пазарите на земјите од регионот со кои ќе ги надомести производите кои до пред 15 дена се увезувале од Србија и Босна и Херцеговина, по 100 отсто зголемување на таксите.
Официјална Атина и одговори на Албанија во врска со последните убиства на Албанци во Грција.
Во мноштвото реакции во грчката јавност по изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев се јави и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, кој во интервју за грчката телевизија Анетна кажа што би направил доколку се уште беше член на грчката Влада.
Под драконски безбедносни мерки, за да се избегнат било какви инциденти, од денеска напладне, па се до доцна во ноќта ќе биде грчката престолнина, поради закажаните низа протести по повод 10-годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Настанот на грчката владејачка партија, против поделбата и нетолеранцијата го најави генералниот секретар на СИРИЗА, Панос Скурлетис, на прес конференција во Солун.
Кибернетичката сигурност стана ново безбедносно жариште и сериозен предизвик на глобално, регионално и локално ниво, а само во земјите од Западен Балкан во 2017 година, беа пријавини 400 компјутерски напади, изјави генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ.
Резолуцијата на косовските опозициски партии, со која се бара одговорност од Владата на Рамуш Харадинај за неуспехот да обезбеди визна либералзиација, денеска не беше изгласана од пратениците во Собранието на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Повеќегодишното барање на нашата земја денеска доби зелено светло. Од 1 јануари 2019 година, Албанија станува дел од тројката. Веста ја објави актуелниот претседавач на ОБСЕ, Италија на Твитер, јавија албанските медуми.