По убиството на Марио Исаку (18) во грчкиот град Кавала, остро реагираше албанското Министерство за надворешн работи, искажувајќи голема загриженост за, како што вели, серијата убиства на Албанци во Грција.
Почна отстранувањето на импровизираниот камп за мигранти во босанскиот град Велика Кладуша, во близина на границата со Хрватска, кој ќе биде затворен и отстранет, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Меѓународниот аеродром во Приштина „Адем Јашари“ ја обвини денеска Управата за цивилно воздухопловство на Република Србија дека шири лажни вести оти приштинскиот аеродром е затворен за сообраќај и не издава дозволи за оперирање, јави дописникот на МИА од Приштина.
Бугарската Влада соопшти дека нема да се приклучи кон Договорот за миграција и нема да учествува на конференција за негово усвојување на 10 и 11 март во Маракеш.
Заменик-претседателот на косовската Влада, Енвер Хоџај вели дека српските власти преку медиумите кои ги контролираат водат постојана пропаганда против Косово, а крајна цел им е да го дестабилизираат Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.
Амбасадорите на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) формално ја потврдија одлуката Србија следната недела да отвори две нови поглавја во преговорите за членството во ЕУ, дознава Танјуг од дипломатски извори на ЕУ.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изрази уверување дека трансформацијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во вооружени сили не загрозува никого и дека идната војска на Косово ќе придонесе за глобалниот мир, јави дописникот на МИА од Приштина.
По состанокот на НАТО за Западен Балкан, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг предупреди дека не е време Косово да формира војска и можни се последици.
Студентите од Унверзитетот во Тирана и Политехничикиот универзитет денеска протестираа пред зградата на Министертвото за образование барајќи укинување на тарифата за преостантите испити.
Низа протести во Атина и во другите грчки градови се закажани за утре по повод 10-годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.