Српската премиерка Ана Брнабиќ по повод највите за формирање на Косовска војска изјави дека се надева да Србија нема да мора да ја употреби својата армија.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Њуз247“ во однос на изјавата на македонскиот премиер што предизвика реакции и беше тема и на внатрешно политички препукувања во Грција, објаснува дека на таа тема разговарале вчера со Никола Димитров, но објаснувања дал и портпаролот на македонската Влада.
Во знак на почит за поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш Постариот, албанското знаме на претседателската резидеција во Тирана денеска е спуштено на половина копје.
Непознати хакери ја нападнаа веб-страницата на Радиотелевизија Косово (РТК), поради што таа веќе неколку часа е вон употреба, јави дописникот на МИА од Приштина.
Словачка протера руски дипломат откако доби информација од воено разузнавачката тајна служба дека се занимава со шпионажа, изјави денеска премиерот на Словачка, Петер Пелегрини.
Од денот кога, пред две недели, косовската Влада донесе одлука за воведување 100 отсто такса на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, од овие земји во Косово влегле вкупно 49 камиони со стока, од кои 38 од Србија и 11 од БиХ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Група мигранти, кои од Турција стигнале во Грција, во селото Неа Виса во близина на грчко-турската граница кај Еврос.
Група од околу 20 маскирани лица, синоќа со камења и молотови коктели ги нападнаа полицајците задолжени за обезбедување на домот на министерот без ресор на Грција, Алекос Флабурарис, јави дописничката на МИА од Атина.
Компанијата Антена група, водечка медиумска корпорација во југоисточна Европа, во чија сопственост се Прва телевизија, О2 ТВ, Прва ТВ Црна Гора, Плеј Радио, шест кабловски канали и три портали прва.рс, о2тв.рс и б92.нет, вчера постигна договор со бизнисменот Срѓан Миловановиќ за преземање на 100 проценти од основачките права на Антена групата во Србија и Црна Гора.
Спротивно на ретроградната струја што постои на меѓународната сцена, Грција направи историски договор со соседната земја, рече, меѓу другото, грчкиот премиер Алексис Ципрас на конференцијата организирана од грчко-американската комора, јави дописничката на МИА од Атина.