Република Косово денеска со ден на жалост му изразува почит на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш Постариот, кој почина на 30 ноември на 94-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тоа значи дека вие (Словенија), како една од државите кои ја признаа нашата соседна земја под нејзиното сегашно, уставно име, отсега ќе ја признаете и ќе ја нарекувате „Северна Македонија“, што е многу важно за грчкиот народ
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај испрати писмо до сите држави членки на Европската унија (ЕУ), во кое ги елаборира причините поради кои неговата Влада воведе 100 отсто такси на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Вонредната седница на Собранието на Косово, свикана на барање на опозицијата за расправа за „неуспехот на Владата да обезбеди визна либерализација“, доцна попладнево е откажана поради неприсуство на пратениците од владејачките партии, јави дописникот на МИА од Приштина.
Грција ја враќа иницијативата на Балканот преку значајни акции за соработка со соседните земји и важниот договор со ПЈР Mакедонија во 2018 година, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, изразувајќи задоволство што официјално Скопје брзо ги спроведува процедурите за менување на Уставот согласно Преспанскиот договор. Ципрас изјавата ја даде после средбата со неговиот словенечки колега Борут пахор.
Од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, преку соопштение одговараат на изјавата на лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис и бараат од него да биде сериозен и „да не си игра си клучните национални прашања”, јави дописничката на МИА од Атина.
Проширувањето на Европската унија со земјите од регионот и поврзувањето на земјите од Западен Балкан, се поврзани и меѓузависни процеси, изјави денеска во Брисел Мајлинда Брегу, која од 1 јануари 2019 година ќе ја преземе должноста генерален секретар на Регионалниот совет за сорабтока (РСС) од досегашниот Горан Свилановиќ.
Претседателот на Комитетот за надворешно-политички работи на Европскиот парламент Дејвид Мекалистер, на средбата во Брисел со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати оцени дека отворањето на преговорите на Албанија со ЕУ е во интерес на двете страни.
Пратеничките групи на двете најголеми опозициски партии во косовското Собрание, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ), го поднесоа барањето за вонредна собраниска седница поради „неуспесите на владејачката коалиција кои кулминираа со неисполнување на ветувањето за укинувањето на визите“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Официјална Тирана побара од грчките власти да спроведат темелна истрага во функција на целосно расветлување на околностите за убиството на албанскиот државјанин Петрит Зилфе на островот Крф.