Српскиот вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ најави дека нема да биде член на следната Влада на Србија.
Комисијата за европски интеграции на косовското Собрание претпладнево едногласно ги усвои нацрт законите со кои се предвидува трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
За албанско- грчките односи, карактеризирајќи ги како историски и традиционални, но и за подготвеноста за подобрување на релациите на секојдневна основа, говори премиерот на Албанија, Еди Рама за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА уште еднаш го повторува ставот на партијата дека Договорот од Преспа е штетен и не им служи на грчките национални интереси, а „уставните измени го прават уште попроблематичен“ и додава дека се потребни долгорочни решение „што ќе ги издржат балканските ветрови“, јави дописничката на МИА од Атина.
За шест дена, бурата Пенелопа во Грција, донесе 16.200 молњи, обилни дождови, снег и силен ветер, според податоците од мрежата на метеоролошки станици на грчката опсерваторија во Атина и „метео.гр“.
Италијанскиот обвинител Никола Гратери, кој од 2016 година, е одговорен за одделот за борба против мафија во регионот на Калабрија, за тиранската телевизија Ора њуз изјави дека „албанската мафија е во редот на најмоќните“ во светот.
Сараево вчера беше најазагден град во светот со индекс на квалитетот на воздухпт од 268 единици, соопштија американските власти врз основа на податоците за загаденоста на градовите во кои се стационитани амбасадите на САД.
Познатиот српски бизнисмен, сопственикот на една од најпознатите белградски коцкарници, Владо Поповиќ (43), бил убиен синоќа во Белград.
Лидерот на албанската опозициска Републиканска партија, Фатмир Медиу оцени дека состојбата во правосудниот систем во земјата е без преседан.
Бродот „Лисус“ на албанската воена морнарица, во водите на Егејско Море, учествувал во две одделни акции во кои се спасени 84 нелегални мигранти, кои пловеле со моторни чамци.