На 21 ноември, Косово воведе 100 отсто такси за стоки од Србија и Босна и Херцеговина. Одлуката на Приштина предизвика протести меѓу српското население во северниот дел на земјата.
Сепак, Аферата со Агенцијата за Бугарите во странство, освен што ја потресе Бугарија и во еден момент ја заниша владата на Борисов, само го потврди она за што јавноста со години зборува, дека огромен број Македонци добиле бугарско државјанство со лажни документи за потекло, платени и по неколку илјади евра.
Честитка до шефот на државата Илир Мета, по повод 28-ми ноември Денот н независноста на Албанија и Денот на националното знаме, упати претседателот на САД Доналд Трамп.
По повод 106-годишнината од прогласувањето независност на Република Албанија, албанскиот претседател Илир Мета со орден „Национално знаме“ го одликува поранешнот хрватски претседател Стипе Месиќ.
Рускиот претседател Владмир Путин денеска упати честитка до неговиот албански колега Илир Мета, по повод 28 ноември – Денот на независноста на Република Албанија.
Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент денеска побара Европската комисија да ги разгледа тврдењата за незаконско доделување на бугарски државјанства на странци.
Турските провокации ја поткопуваат стабилноста во регионот во еден критичен момент, демонстрирајќи отсуство на правни аргументи на Турција, оцени грчкото Министерство за надворешни работи во реакција на последните изјави на властите во Анкара.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска најави дека ќе му предложи на претседателот на Србија да воведе „ден на српското знаме“, за да можат да го слават Србите во Хрватска, Македонија, Република Српска и Црна Гора, како што Албанците во Бујановац и Прешево го прославуваат Денот на албанското знамето.
Генрал-мајорот Лоренцо Д’Адарио е новиот командант на Меѓународните сили во Косово (КФОР), откако денеска на свечена церемонија ја презеде должноста од генералот Салваторе Куочи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Со симболично подигнување на националното знаме во приморскиот град Валона, денеска почна одбележувањето на 106-тата годшнина од независноста на Албанија.