Мирно и со слаб одѕив, заврши протестот во Атина во рамките на денешниот 24-часовен штрајк организиран од Конфедерацијата на грчките работници.
Српскиот министер за финансии Синиша Мали, претставувајќи го денеска пред пратениците во српското Собрание буџетот за 2019 година, изјави дека тој има „социјален аспект кој е поврзан со зголемување на животниот стандард, со зголемување на платтите и пензиите и со рекордни издвојувања за капитални инвестиции кои ќе го стимулираат натамошниот раст на БДП“.
Градоначалниците Срби на општините во јужно Косово не поднесуваат оставки
Жители од српска националност од северно Косово започнаа денеска во северна Митровица нов протест против таксата од 100 отсто што ја воведе Владата во Приштина на увозот на производи од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Просечната нето плата на вработените во Србија во септември изнесувала 47.920 динари или околу 405 евра, што е над 3,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Републичниот статистички институт.
Под слоганот „Штрајкуваме, се бориме, бараме“, Конфедерацијата на работници на Грција, од утрово започна 24часовен генерален штрајк, јави дописничката на МИА од Атина.
Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон смета дека „сега е време Косово и Србија да постигнат договор“.
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а три сe леснo повредeни во вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.
Поранешната албанска министерка за евороитеграции Kлајда Ѓоша смета дека изјавата на премиерот Еди Рама за обединување на Албанија и Косово е „повеќе од алармантна“.
Европската комисија денеска уште еднаш ја повика косовската Влада веднаш да ја повлече одлуката за зголемување на таксите за увоз на стоки од Србија и од Босна и Херцедовина на 100 отсто, оценувајќи дека тие се провокативни и навредливи.