Грчкиот премиер Алексис Ципрас предложи измена на Уставот на земјата, со цел народот да може да го избира претседателот на државата.
Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово Авдулах Хоти побара самораспуштање на Собранието, откако беа одложени денешните седници на собраниските комисии поради отсуство на пратениците од владејачката коалиција, јави дописникот на МИА од Приштина.
Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека верува оти Романија се уште може да се подготви за претседавањето со Советот на Европска унија и му посака среќа на новоименуваниот министер за европски прашања Џорџе Чамба.
Грчкото Министерство за култура соопшти дека археолози ги пронашле првите остатоци од изгубениот древен град Тенеа. Во тој град, според преданијата, биле сместени тројански воени заробеници по заземањето на Троја од древните Хелени.
Претседателот на најголемата албанска опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, е категоричен дека без гаранција за стандарди нема да има избори.
Албанскиот премиер Еди Рама е убеден дека претседателот на Албанија, Илир Мета ќе го потпише указот за именување на Сандер Леши за нов министер за внатрешни работи, кого Владата минатата недела го назначи за заменик министер со надлежности на министер, откако шефот на државата одби да ја потпише уредбата за негово поставување на функцијата.
Европскиот суд на правдата одлучи дека Грција ќе треба да плати казна од 10 милиони евра и плус 7,3 милиони евра за секое шестмесечно доцнење. бидејќи не ги вратила парите од незаконската државна помош за компанијата „Грчки Бродоградилишта Скараманга“, јави дописничката на МИА од Атина.
За бегството на Никола Груевски во Унгарија вчера и денеска информираат сите српски медиуми, а според ТВ Н1, Министерство за внатерешни работи на Србија соопштило дека Груевски нема српско државјанство или пасош и дека се проверуваат информациите дали до Унгарија одел преку територијата на Србија.
Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „Њуз247“ рече дека во грчкиот парламент оостои мнозинство и за ратификација на Договорот од Преспа, но и мнозинство за една поинаква влада, јави дописничката на МИА од Атина.
Српскиот министар за трговија Расим Љајиќ најави дека следната недела ќе се сретне со колегата од БиХ, Мирко Шаровиќ со цел да побараат од Европската комисија да реагира на мерката на Косово за зголемувањето за 10 отсто данок за стоките од Србија и БиХ.