Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, откако деновиве побара Министерството за внатрешни работи да биде целосно функционално, сега посочи дека Брисел очекува назначување министер за внатрешни работи.
Германија е против разграничување меѓу Србија и Косово како модел на решавање на косовското прашање и тој став нема да се смени, изјави денеска германскиот амбасадор во Србија Томас Шиб, оценувајќи дека ставот го споделуваат и голем број земји во ЕУ и во регионот.
Состојбата во медиумите и говорот на омраза во Србија е најлош во споредба со сите земји на Балканот, изјави за весникот „Данас“ Паулин Адес-Мевел од организацијата Репортери без граници.
Командантот на меѓународните сили во Косово (КФОР) Салваторе Куочи изјави дека НАТО очекува Безбедносните сили на Косово (ФСК) да се развиваат во рамките на постоечкиот мандат, а доколку го сменат мандатот Алијансата ќе го преиспита својот ангажман во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Објавениот статус на Никола Груевски на неговиот Фејсбук профил дека се наоѓа во Будимпешта и дека бара политички азил од унгарските власти, се најде во грчките медиуми кои уште од завчера го следат случајот со поранешниот македонски премиер, јави дописничката на МИА од Атина.
Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) за денеска закажа 24-часовен штрајк, во кој учествуваат и лекарите и болничарите од државните болници, наставниците и воспитувачите и вработените во општините.
Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, категорично отфрла политички дијалог со неговиот опонент, лидерот на владејачката Социјалистичка партија и актуелен премиер, Еди Рама.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, воедно беа презентирани резултатите од консултациите со грчките граѓани за прашања поврзани со иднината на Европа и ЕУ.
Од воведувањето на дополнителните давачки од 10 отсто на стоките што се увезуваат во Косово од Србија и Босна и Херцеговина, косовската Царина инкасира дополнителни средства во висина од околу 300.000 евра, информираа за Радио Слободна Европа (РСЕ) извори од Царината.
Првпат официјална Тирана призна дека по настаните во селото Буларат, односите со соседна Грција не се на истото ниво како претходно, што се очекува да влијае врз понатамошните разговори што се водат меѓу двете земјиа за повеќе прашања, јави дописникот на МИА.