Непознати лица рано утрово поставиле бомба пред домот на грчки јавен обвинител, а експлозивниот механизам најверојатно поради грешка на сторителите, не експлодирал, јави дописничката на МИА од Атина.
Европската комисија денеска ќе ги претстави извештаите за напредокот на Бугарија и Романија според Механизмот за верификација и соработка.
Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти му порача на претседателот на Косово Хашим Тачи дека со неговиот руски колега Владимир Путин може да договара само за да добие политички азил во Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.
По трагичната смрт на 15-годишно девојче кое земало дрога екстази, граѓаните на српскиот град Аранѓеловац подготвија список со имињата на дилерите на дрога.
Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, изјави дека убиството што се случи на 28 октомври во Буларат има многу турбулентни точки кои треба да бидат разјаснети од страна на албанската страна.
Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа, по денешната седница на партиското Претседателство, изјави дека ЛДК не ја исклучува можноста од прифање на гласовите на пратениците на Српската листа (СЛ) за уривање на Владата на Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти изјави денеска дека Србија не ги мрази само Албанците затоа што се Албанци, „туку и другите зашто не се Срби“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Светиот архиерејски Собор на Српската православна црква (СПЦ) соопшти дека одлуката на Цариградската патријаршија за автокефалност на украинската црква е неоснована, а „одлуката за рехабилитација на расколничките групи е неприфатлива“ и поради тоа Српската православна црква не ги признава.
Европската унија како посредник во дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе направи се за наредната година, до крајот на мандатот на шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини, да дојде до постигнување договор за севкупно нормализирање на односите помеѓу Белград и Приштина, јави ТАНЈУГ.
Ревизијата на Уставот го прави полош и онака штетниот Договор од Преспа и го прекршува на три начини, смета Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија.