Четворица мигранти загинаа, а шестмина се водат како исчезнати откако чамецот со кој се превезувале потона во Егејското Море, јави Анадолија.
По повод 25 годишнината од неговата посета на Албанија, 400-годишнината од изборот на прв пата, кој не е Италијанец и 100 години од независноста на Полска, во албанската метропола поставена е биста на папата Павле Втори.
Пратеничката на Движењето Самоопределување, Арберие Нагавци смета дека, поради неодговорното однесување на раководителите на државните институции, процесот на визна либерализација за граѓаните на Косово нема да се случи во блиска иднина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Словенечкиот премиер Марјан Шарец денеска побара оставка од министерот за развој и кохезивна политика Марко Бандели, поради неговата „непримерна“ комуникација пред локалните избори во земјата.
Продолжуваат преписките меѓу албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама за именувањето на Сандер Леши, за министер за внатрешни работи.
Бугарија одлучи да не учествува во Глобалниот договор на Обединетите нации за миграција, изјави шефот на пратеничката група на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Цветан Цветанов, додавајќи дека тој договор би ги нарушил бугарските национални интереси.
Само кога ќе се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе може да се финализира и содржината и правилното толкување на Договорот од Преспа, а потоа и да дојде на ратификација во парламентот, порача грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио “Њуз247” вели дека ратификацијата на Договорот од Преспа ќе биде согласно со одредбите од самиот договор, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Косово Хашим Тачи објави денеска дека се сретнал со неговиот руски колега Владимир Путин, кој му изразил поддршка во напорите за постигнување конечен договор со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.