Хрватска не ја поддржува идејата за корекција на границата меѓу Косово и Србија, затоа што не верува дека тоа ќе придонесе за стабилноста на регионот, изјави хрватската амбасадорка во Приштина Марија Капитановиќ во интервју за весникот „Зери“.
Албанскиот министер за Европа и за надворешни работи, Дитмир Бушати, изјави дека независно од инцидентот во Буларат, со грчката страна „продолжуваат дискусиите за постигнување на договорите, кои ќе го олеснат животот на албанските граѓани во Грција и обратно“.
Движењето Самоопределување (ВВ) смета дека изјавите на косовскиот претседател Хашим Тачи за припојување на Прешевската Долина кон Косово се лажни и дека крајната цел е да се добие признавање на независноста од страна на Србија во замена за отстапување на неколку општини со мнозинско српско население во северено Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача денеска дека, и покрај критиките од Европската унија, Владата нема да ја повлече одлуката за зголемување на таксите за увоз на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Голем број Грци, кои присуствуваа на погребот на Константинос Кацифас, во албанското село Буларат, покрај навредливите пораки кои ги извикуваа кон Албанците, како на пример „Албански кучиња“, „Албанци одете си, ова е Грција“, извикуваа и „Ворио Епир е грчка и Македонија е грчка“.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека претседателот Хашим Тачи „би било добро да размисли“ дали треба да продолжат преговорите со Србија, се додека, како што рече, агендата на неговата држава зависи од расположението на другата страна, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во текот на ноември ќе бидaт усвоени закони што овозможуваат трансформација на Безбедносните сили во армија на Косово и таа ќе има три полка од кои еден на север во државата. Тоа го изјави косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Лидерот на партијата на грчкото малцинство во Албанија, Партијата за заштита на човековите права, Вангел Дуле, изјави дека вистината за убиството на албанскиот Грк, Константинос Кацифас мора да излезе на виделина.
Амбасадорот на Велика Британија во Косово Руаири О’Конел изјави денеска дека, и покрај тоа што косовското Министерство за надворешни работи го тврди спротивното, сепак некои земји го повлекле признавањето на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
По повод синоќешното соопштение на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) дека „по никоја цена не смее да се доведе во прашање целосниот суверенитет и интегритет на Србија во Косово“, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека го погодува „лошото мешање“ на СПЦ во политиката, запрашувајќи се „што од суверенететот и интегритетот има Србија на Косово“.