Грчките таксисти денеска почнаа 12-часовен штрајк во знак на протест против, како што истакнуваат, нелојалната конкуренција од страна на операторите на услуги за споделено патување.
Хрватска не ја поддржува идејата за корекција на границата меѓу Косово и Србија, затоа што не верува дека тоа би придонело за стабилноста на регионот, изјави хрватската амбасадорка во Приштина Марија Капитановиќ во интервју за весникот „Џери“.
Поранешниот сопственик на „Агрокор“ Ивица Тодориќ, против кого е покрената истрага поради „стекнување материјална корист“, синоќа беше екстрадиран во Хрватска, една година откако беше уапсен во Лондон, каде замина по избивањето на аферата „Агрокор“.
Во пресрет на посетата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на Гренада, минатата недела, на земјите од Карибите, им биле дадени „насоки“ од Стејт департментот за тоа каков став треба да заземат, што подразбира и поддршка за Приштина, пишува денешниот весник „Вечерње новости“.
Поради можноста од евентулани инциденти, за време на погребот на убиениот Константинос Коцифас, албанската полиција усвои посебен план во кој ќе бидат вклучени голем број припадници на разни сектори на албанската полиција.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во најновиот извештај за Косово ја поздрави одлучноста на Белград и Приштина преку дијалог да дојдат до нормализација на односите, но предупреди дека во изминатите три месеци биле забележани неколку инциденти како резултат на меѓунационални тензии.
Српскиот претседател Александар Вучиќ не очекува голем напредок во преговорите со косовскиот претседател Хашим Тачи утре во Брисел, со посредство на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Шефовите на военоразузнавачките служби во ЈИЕ денска во Тирана усвоија извештај за Предизвиците за кибер безбедноста за клучната инфраструктура во тој регион во Европа, извршена врз основа на собирање јавно достапни податоци.
Основачот на Агрокор Ивица Тодориќ, вечерва околу 20 часот се очекува да биде испорачан на хрватското правосудство, откако суд во Лондон на 25 октомври го одобри барањето за екстрадиција.
Претседателот на Косово Хашим Тачи потврди дека утре во Брисел ќе се одржи нова рунда преговори меѓу Косово и Србија и рече дека очекува тешка средба со неговиот српски колега Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.