Грчката Влада и Грчката православна црква вчера постигнаа условен договор околу 10.000 свештеници и помошен персонал да се отстранат од платниот список на Владата, со што се отвора патот кон јасна поделба помеѓу црквата и државата.
Европската унија побара од косовските власти итно да ја објаснат одлуката за зголемување на даноците од 10 отсто за увозни стоки од Србија и од БиХ и очекува Приштина тие мерки да ги прекине.
Во 2007 година, Србија прогласи воена неутралност, која досега се почитува во меѓународните политички односи, но тој статус не е признаен во онаа смисла која подразбира исполнување на некои сериозни чекори во меѓународната политика, кои би резултирале со целосно препознавање и признавање на неутралноста.
Министрите за социјална политика од регионот потпишаа денеска во Белград заедничка Декларација за унапредување на социјалната политика на Западен Балкан со која се обврзаа на заедничко дејствување за да се спроведат реформи во таа област.
Приштинските власти одлучија зголемување за десет отсто данок на стоки од Србија и од БиХ, како одговор на, како што се наведува, кампањата што се води против Косово, објави Коха.
Мицотакис рече дека уставните измени кај нас се уште полоши од самиот договор, но и повтори дека неговата партија нема да гласа за ратификација на решението меѓу двете земји.
Албанската Влада на денешната седница го прифати предлогот на премиерот Еди Рама и за заменик министер за внатрешни работи го именува Сандер Леши.
Албанскиот претседател Илир Мета, конечно го потпиша указот со кој Хелидон Бендо стана директор на албанската тајна служба – ШИШ.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска од собраниската говорница призна дека Владата првпат од моментот кога е избрана, има проблем со шефот на државата Илир Мета, кој се поврзува со непотпишувањето на указот за именување на Сандер Леши за нов министер за внатрешни работи.
Како што соопшти пратеничката група на опозициската ЛДК, вонредната седница е побарана затоа што „надворешната политика на Косово е расштимана со последните скандали кои нанесуваат огромни штети на имиџот на Косово во светот“.