Постојаниот арбитражен суд во Хаг во јуни 2017 година пресуди во корист на Словенија во пограничниот спор меѓу двете земји околу Пиранскиот залив.
Инаугурацијата на новоизбраните членови на Претседателството на Босна и Херцеговина ќе се одржи на 20 ноември во Сараево, изјави денеска новоизбраниот српски член на Претседателството, Милорад Додик.
Здружението на медицински сестри побара од албанската Влада под итно да преземе неопходни мерки за надминување на проблемите со кои се соочуваат, со цел да запре нивното се помасовно заминување во странство.
Албански рибарски брод потона во водите на Јонско Море, а четворицата рибари имале голема среќа,зашто по четири часа на отворено море, се спасени од траектот кој сообраќа на релација Бриндизи-Валона.
Веста што ја објави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, дека наводно Гренада ја повлекла својата одлука за признавање на Косово, според косовските дипломати претставува само уште една лага на Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.
Албанскиот премиер и лидер на социјалистичката партија, Еди Рама,преку СМС порака побарал од пратениците од парламентарната група на партијата да не даваат никаков коментар околу одлуката на претседателот Илир Мета да не го потпише указот за новиот министер за внатрешни работи.
Во Србија денеска ќе се одржат избори за 22 национални совети за национални малцинства, на кои 509.315 гласачи имаат право на глас.
Во Хрватска за лекување депресија премногу се користат евтини лекови кои предизвикуваат психичка и физичка зависност, покажуваат резултатите од споредбеното истражување меѓу Хрватска и Шведска кои ќе бидат објавени во меѓународно списание.
Историјата покажа дека менувањето на границите на Балканот е поопасно отколку во кој било друг дел од Европа.
Прокопис Павлопулос, наводно, се спротивставил на членот 36, кој ги содржи референците за македонскит „народ и идентитет“ како и за потребата да се заштити македонскиот „народ“ што живее надвор од земјата, пишува „Катимерини“.