Албанскиот претседател Илир Мета и официјално е соопштено дека одлучил да не го става својот потпис на указот на предлогот на премиерот Еди Рама, нов министер за внатрешни работи да биде Сандер Леши.
Шест лица се повредени во масовна тепачка, кој изби меѓу мигранти во една од халите на фирмата „Мирал“ во Велика Кладуша, јавуваат босански медиуми.
Грчкото министерство за внатрешни работи испрати свои претставници во Тирана за да ги добијат потребните информации околу убиството на Констандинос Кацифас, албански Грк, кој поседувал и грчко државјанство.
Албанскиот претседател Илир Мета не го стави својот параф на указот за новиот министер за внатрешни работи Сандер Леши. Согласно Уставот, крајниот рок за тоа беше до полноќ.
Состојбата со имотот на Српската православна црква (СПЦ) во Косово предизвикува сериозна загриженост, соопшти руското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека продолжува практиката на узурпација на овој имот.
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер е регистриран денеска околу во 10 часот во Јонското море, кај грчкиот остров Закинтос.
Во катедралата „Нотр Дам” во Париз, меѓу знамињата на повеќе од 20 земји, учеснички во Првата светска војна, се најде и косовското знаме.
Европратеничката Тања Фајон по дводневниот престој во Србија оцени дека состојбата значително се влошила во изминатата година-две, наведувајќи дека „ не постои ефективна контрола врз извршната власт ,ниту напредок во однос на владеењето на правото“, како и дека Србија треба да стори повеќе во однос на нормализација на односите со Косово.
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека е разочарана што не е постигнат напредок во разговорите со Србија за решавање на проблемот со исчезнатите лица, како и дека од тоа зависи нејзината официјална посета на Србија.
Хрватската полиција во пожешко-славонската жупанија заврши кривична истрага против тројца Хрвати од Пакрац и Липик осомничени дека одгледувале канабис во мински полиња.