Министерството за надворешни работи на Косово ги демантира наводите на шефот на српската диломатија Ивица Дачиќ дека Доминика ја повлекла одлуката за признавање на Република Косово како независна држава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша, му порача на актуелениот претседател на Владата, Еди Рама дека „ќе биде соборен пред локалните избори во 2019 година“.
Грчката крајбрежна стража уапсила членови на меѓународна мрежа за шверц, кои биле фатени додека се обидувале нелегално да пренесат мигранти во Италија.
Буџетот на канцеларијата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај во идната година, според новата проекција за државниот трезор, ќе биде поголем од годинешниот за 1,8 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на заедничката прес-конференција со премиерите на Романија, на Бугарија и на Грција во Варна, изјави дека во регионот е потребно да продолжат дијалозите, со цел да се избегнат инциденти и да се зачува стабилноста.
Потпретседателот на српскиот Парламент од редовите на Социјалистичката партија Ѓорѓе Милиќевиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа, која се случила на патот Словац – Уб, пренесува РТС.
Летното време среде есен продолжува да ги радува и во ноември туристите и локалните жители во турското туристичко место Мармарс, јави НТВ.
Имам докази дека ВМРО и Красимир Каракачанов се издржуваат од продажбата на бугарски државјанства, изјави за БТВ Катја Матева, поранешен директор на Одделот за бугарско државјанство во Министерството за правда.
Полицискиот комесар во МВР на Босна, Мевлудин Халиловиќ потврди дека истрагата за убиството на двајца полицајци извршено пред седум дена, се уште трае и поради сложеноста на случајот побарана е помош од ФБИ.
Премиерот на Бугарија Бојко Борисов е домаќин на денешната четиристрана средба на врвот меѓу Бугарија, Грција, Романија и Србија во резиденцијата „Евксиноград“ крај Варна.