Партијата на Македонците во Србија (СМС) и Демократската партија на Македонците (ДПМ) на состаноците во Панчево на 28 октомври и во Пландиште, на 1 ноември, постигнаа договор за заедничко настапување на двете македонски партии, на сите полиња на политичкото делување и на сите процеси од локално до парламентарно ниво, се наведува во соопштението од двете партии доставено до дописникот на МИА во Белград.
Пред една година започнаа напорите на нашите земји. Четиристраните состаноци станаа институција, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со колегите од Бугарија и Романија Бојко Борисов и Виорика Данчила и претседателот на Србија Александар Вучиќ во резиденцијата „Евксиноград“ крај Варна.
Полицискиот комесар во МВР на Босна, Мевлудин Халиловиќ потврди дека истрагата за убиството на двајца полицајци извршено пред седум дена, се уште трае и поради сложеноста на случајот побарана е помош од ФБИ.
Потпретседателот на косовската Влада и лидер на партијата Социјалдемократска Иницијатива (Нисма) Фатмир Лимај се сомнева дека Косово може да ги обезбеди потребните гласови за зачленување во Интерпол на Генералното собрание на организација што ќе се одржи кон средината на месецов во Дубаи, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Расколот меѓу Московската патријаршија и Цариградската патријаршија фомално нема да биде на дневниот ред на вонредното заседание на Светиот архиерејски Собор на Српската православна црква, кој е закажан за 6 ноември, иако, како што наведува Танјуг повикувајќи се на црковни кругови, за оваа тема сигурно ќе се расправа во СПЦ.
Претседателката на партијата Алтернатива и пратеничка во Собранието на Косово Мимоза Кусари-Лила го смета како голем неуспех на законодавниот дом неизгласувањето на резолуцијата, предложена од опозицијата, за дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хрватската полиција уапси двајца странски државјани кои на загребскиот аеродром слетаа со приватен авион во кој е пронајден кокаин, повеќе од еден килограм.
Италијанската обвинителство за борба против мафијата и Државното обвинителство по завршувањето на сите истраги, побараа од италијанскиот суд да ги прекине истрагите за Саимир Тахири, поранешен министер за внатрешни работи на Албанија, бидејќи не постои негова вмешаност во каква било незаконска активност.
Европската банка за обнова и развој ја зголеми прогнозата за раст на бруто-домашниот производ на Србија за 2018 година за 1,3 процентни поени, од 2,9 отсто, во мај на 4,2 отсто.
Црногорската полициска дирекција донесе одлука со која на српски интелектуалци, меѓу кои е и писателот Матија Беќковиќ, им се забранува да влезат во државата.