Собранието на Косово не ја усвои резолуцијата предложена од опозицијата, со која требаше да му се забранува на косовскиот претседател Хашим Тачи во преговорите со Србија да разговара за размена на територии, односно промена на границата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека трансформираните Безбедносни сили на Косово (ФСК) нема да претставуваат замена за КФОР и НАТО, туку ќе ја продолжат успешната соработка со нив, јави дописникот на МИА од Приштина.
Потпретседателот на албанската опозициска Демократска парија, Еди Палока, пренесувајќи го ставот на здружената опозиција, изјави дека заминувањето на премиерот Еди Рама би бил патриотски чин, бидејќи,според него, сите патишта, вклучувајќи го и насилството, се легитимни.
Двајца опозициски пратеници, Фрашер Красниќи од Социјалдемократската патија на Косово (ПСД) и Џељаљ Свечла од Движењето Самоопределување (ВВ), се степале синоќа по завршувањето на дебатната емисија „Рубикон“ на телевизијата КТВ, во која учествуваа како гости, јави дописникот на МИА од Приштина.
Рекордна висина на бранови се измерени во акваториумот Ровињ, Сплит, Плоче и Дубровник, а највисоките бранови биле повисоки од девет метри, покажуваат податоците од мерењата на Хрватскиот хидрографски институт (ХХИ).
Српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ, по повод падот на Србија од 43-то место на 48-то место во најновиот извештај на „Дуинг бизнис 2019“ на Светска банка, изјави дека Србија и покрај намалениот рејтинг се уште е најдобра меѓу земјите од регионот, веднаш по Македонија.
Шефот на албанската држава Илир Мета денеска ги почна консултациите со политичките партии за утврдување на датумот на одржување на локалните избори.
Бугарските обвинители денеска соопштија дека поднеле обвинение против висок државен функционер, како дел од истрагата за фалсификување документи, за кои тврдат дека им овозможуваат на странците да добијат бугарски пасоши и слободно да патуваат во Европската Унија.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика денеска партиите од власта и опозицијата да бидат единствени во изготвувањето платформа за дијалогот со Србија, како што беа единствени во изгласувањето на законите за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот министер за правда Абељард Тахири денеска отпатува во официјална посета на САД, само ден откако Приштина првпат ја посети американскиот обвинител на Специјалниот суд за воени злосторства на Косово Џек Смит, јави дописникот на МИА од Приштина.