Пратеничката на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Беса Гаџери денеска од собраниската говорница го обвини косовскиот претседател Хашим Тачи дека „за да се спаси себеси, газел врз лешеви, ги убивал политичките противници и ги згазил вредностите на борбата за ослободување на Косово“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека не е на повидок решение за косовското прашање и дека е илузорно да се очекува на 11 ноември во Париз, на прославата на Денот на примирјето во Првата светска војна, да се донесе решение за овој спор.
Австрија го поддржува Договорот од Преспа и се надева на целосна имплементација што е важна за целиот регион, вели министерката за надворешни работи на Австрија, Карин Кнасел во интервју за „Катимерини“.
Претседателот на Собранието и лидер на Демократската партија на Косово (ПДК) Кадри Весели на денешната вонредна седница на која, на барање на опозицијата, се расправа за дијалогот со Србија, изјави дека претседателот Хашим Тачи ќе ја испочитува резолуцијата која евентуално ќе се донесе денеска, јави дописникот на МИА од Приштина.
Словенечкиот сурфер, по кого се трагаше од понеделникот откако исчезна во Јадранско Море кај Умаг е пронајден во Италија. Во текот на ноќта и денот во море тој минал околу 40 километри.
Серж Брамерц, обвинител од Механизмот за Меѓународни кривични трибунали (ММКТ) во Хаг предупреди на неприфатливата пракса на величање личности осудени за воени злосторства на подрачјето на поранешна Југославија и изрази незадоволство од тоа што обвинетите за вооени злосторства во БиХ ја избегнуваат правдата со тоа што бегаат во Хрватска или Србија.
Шефицата на Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Косово Наталија Апостолова ги замоли уште еднаш косовските политичари да престанат да ја убедуваат јавноста дека укинувањето на визите ќе се случи до крајот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека формирањето војска на Косово е предизвик и закана по безбедноста во регионот. Тој, исто така, оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ со право е загрижен поради случувањата во Косово.
Косовското Собрание денеска треба да одржи вонредна седница, на која, на барање на опозицијата, ќе се расправа за дијалогот со Србија и за идеите на претседателот Хашим Тачи за размена на територии, односно „корекција на границата“ меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.
Градот Загреб ќе им прости на граѓаните долговите до 10.000 куни за комунални услуги, чии сметки се блокирани и се под закана за запленуаање. Потегот предизвика големи реакции во јавноста бидејќи не постои социјален или имотен цензус, па така долгови ќе им се простат и на магнати, фудбалери и дилери на оружје, објави весникот „Јутарњи лист“. (1 куна =0,13 евра)