Грчката амбасадорка во Тирана, Елени Сурани попладнево е повикана во албанското Министерство за Европа и за надворешни работи, во врска со инцидентот во селото Бралат, кај Ѓирокастро.
Гостувајќи во емисијата „Фронтал“ на приштинската телевизија Т7, Харадинај, по повод денешната прва посета на Приштина на специјалниот обвинител Џек Смит, изјави дека е револтиран од тоа што се формира еден суд, кој, според него, „еднострано ќе ги третира воените злосторства“.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека процесот на формирање на косовската војска не се однесува на датумот 28 ноември, како што претходно тврдеше српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тачи попладнево во објава на Фејсбук порача дека „Белград може да грака колку сака“, но вистината е дека Турција ја испочитува косовската држава.
Боровац денеска го посети Унско-санскиот кантон во северозападниот дел на државата, каде во моментов се наоѓаат голем број мигранти, кои имаат намера да преминат во Хрватска веднаш штом ќе се појави таква можност, за да го продолжат патот кон Западна Европа.
Косовското Министерство за надворешни работи го осуди синоќешното каменување на автобусот од Косово во градот Крушевац во Србија и побара од надлежните српски служби да преземат мерки за откривање и казнување на сторителите, јави дописникот на МИА од Приштина.
Убиството на етничкиот Грк, Константинос Кацифас на албанско-грчката граница од страна на припадниците на албанската специјална единица „Ренеа“, предизвика заладување на односите меѓу Атина и Тирана, јави дописникот на МИА.
Претседателот на Република Српска и новоизбран член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик во интервјуто за белградскиот весник „Ало“ оцени дека е претерано се она што им се прави на Србите на Балканот.
„Политика” објави дека ова е инвестиција од повеќе од 70 милиони евра, што ќе се потроши за реновирање на Клиничкиот центар, патишта, болници, училишта и други институции во Косово.
Министрите за одбрана на Австрија и Хрватска, Марио Кунасек и Дамир Крстичевиќ денеска во Виена договорија интензивирање на воената соработка поради растечкиот мигрантски притисок.