Притворените се осомничени дека како организирана група се занимавале со фалсификување на документи, ја злоупотребувале службената должност и примале поткуп – изјави бугарскиот заменик јавен обвинител Иван Гешев.
Бугарскиот европратеник од Европската Народна Партија, ЕПП, задолжен за Западниот Балкан, Андреј Ковачев во разговор со МИА вели дека за ЕПП е неразбирлива одлуката на ВМРО ДПМНЕ да ги исклучи пратениците кои гласале “за“ договорот од Преспа.
Историскиот Договор од Преспа даде модел како преку преговори и политички договор да се решат долгогодишни прашања кои имаат особено тешки идентитетски проблем, рече пратеникот од СИРИЗА
Заедно можеме да помогнеме во решавање на проблемите кои го засегаат поширокиот регион на Балканот, рече министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос по средбата со неговиот руски колега Сергеј Шојгу.
Автобус со патници од Косово е каменуван од засега непознати лица синоќа во Србија, во градот Крушевац, јави дописникот на МИА од Приштина.
Канцеларијата на Европскат унија (ЕУ) во Приштина соопшти дека Брисел не одредил конкретен датум за укинување на визниот режим за Косово, со што го демантира премиерот Рамуш Харадинај, кој вчера изјави дека визите ќи бидат укинати до крајот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) во најновиот извештај за земјите од светот објави дека главните фактори за поволен економски раст на Србија се економските реформи и стратешката локација на земјата.
Босна и Херцеговина се повеќе станува транзитна точка за превоз на хероин во Западна Европа, соопшти Централната разузнавачка агенција (ЦИА).
Силен ветер, што предизвика бранови на отворено море високи и до седум метри, денеска го погоди јадранскиот брег на Хрватска.
Заменикот генерален директор за ресурси на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, изјави дека наградата за корисна информација во врска со настанот, наместо досегашните 10.000, изнесува 20.000 евра.