Бугарија, Лeтонија и Франција се земјите со најниска стапка на доверба во вакцините, додека во Португалија, Данска, Шпанија и Унгарија оваа стапка е највисока, со над 90 отсто, открива студија нарачана од Европската Комисија.
За соработката и заедничките предизвици, за теми поврзани со енергетиката, миграцијата, надворешната политика, економијата, инвестициите и слично, ќе стане збор на третиот Евро – арапски светски самит што од денеска почнува во Атина под покровителство на Европскиот парламент.
Преговорите меѓу Белград и Приштина можно е конечно да се приближат до решение на 11 ноември во Париз, каде Александар Вучиќ и Хашим Тачи можно е да разговараат со четирите најмоќни лидери во светот, објави Блиц.
Во престрелка со албанската полиција, во селото Буларат во Албанија денеска беше убиен 35-годишен Етнички Грк.
Косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) смета дека одговорноста за тоа што се уште не е укинат визниот режим за Косово не треба да се бара кај косовските граѓани или кај Европската Унија (ЕУ), туку кај надлежните институции на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот министер за инфраструктура Паљ Лекај смета дека Владата предводена од Рамуш Харадинај ќе ја води земјата до крајот на својот четиригодишен мандат, јави дописникот на МИА од Приштина.
До март следната година, доколку, како што се чини се заврши со процесот на уставна ревизија, Договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент и немам никаков сомнеж дека ќе биде ратификуван, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчкиот весник „Реал њуз“.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека ЕУ покажала двојни стандарди со недавањето дозвола за изградбата на гасоводот Северен поток, но не и за изградбата на Јужен поток.
Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, во првичната реакција по оставката на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај, оцени дека тоа е почеток на падот на ковладеењето на Еди Рама со криминалот.
Група од околу 160 босански готвачи поставија нов светски рекорд, откако направија 12.874 палачинки за помалку од осум часа.