Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај поднесе оставка.
Александар Дрљевиќ, главниот преговарач на Црна Гора за пристапување во ЕУ порача денеска дека е неопходно сите држави од регионот уште подинамично да тргнат на европскиот пат, бидејќи тоа ќе биде добро за целиот Западен Балкан.
Многу е важно Западен Балкан да остане на листата на приоритети на Европската унија, смета бугарската министерка Лилјана Павлова, задолжена во првата половина од годината за претседавањето на ЕУ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ е решен да остане запишан во историјата како човек кој ги помири етничките и територијалните разлики во регионот кој е синоним за војна, се наведува во денешното интервју на Блумберг, кое го пренесува Танјуг.
Двајца полицајци починаа откако утрово беше пукано на полициска патрола во Сараево. Едниот полицаец почина на самото место на инцидентот, а вториот по повеќечасовна борба за живот им подлегна на повредите.
Косовскиот претседател Хашим Тачи ги демантира наводите на опозицијата и дел од медиумите дека за време на посетата на Париз, на 11 ноември, ќе одржи нова рунда преговори со неговиот српски колега Александар Вучиќ за решение на споровите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти смета дека премиерот Рамуш Харадинај нема никакво влијание врз донесувањето на важни одлуки за Косово, додека реалната власт ја има претседателот Хашим Тачи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтер, кој во 01.54 часот по локално време го погоди Јонското Море, со епицентар во морскиот дел на 44 километри југозападно од островот Закинтос, предизвика само материјална штета.
Хрватската полиција по дојава денеска уапси маж, кој вооружен се шетал, а потоа застанал во близина на зградата во која живее претседателката Колинда Грабар- Китаровиќ.
Српскиот министерот за енергетика и рударство Александар Антиќ изјави денеска дека наскоро ќе продолжи изградбата на Турскиот тек кон Бугарија и истакна дека Србија е подготвена да се приклучи.