Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повторно се спротивстави на идејата на претседателот Хашим Тачи за „коекција на границата“ и го повтори ставот дека не признава никаков договор со Србија, кој води кон промена на границите, јави дописникот на МИА од Приштина.
По земјотресот од 6,4 степени на Закинтос, до 8 часот утрово се регистрирани над 35 последователни земјотреси, од кои десет со јачина поголема од 4 степени и еден од 5.1 степен, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, соопшти Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција.
Социјалистичката партија на Словенија упати повик до претседателот, премиерот и министрите да се заложат Република Словенија, по пример на голем број земји, да го повлече признавањето за Косово и да го поддржи територијалниот интегритет на Република Србија.
Косовската Влада го усвои денеска нацрт-буџетот за 2019 година, кој ќе изнесува 2,3 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
На владината седница не беше кажано дека Владата добила од Сорос 50 милиони евра. Го споменав Сорос, но за нешто што не поврзано со Владата, вели коалицискиот партнер во грчката Влада и министер за одбрана Панос Каменос во изјава за грчката телевизија Стар, во однос на тврдењата на поранешниот министер за надворешни работи на Грција дека тој пред министрите рекол дека Владата е финансирана од Сорос.
Околу 200 грчки пожарникари со речиси 100 возила и 73 лица пешадија во текот на целата ноќ го гаснеа големиот шумски пожар што изби вчера наутро во областа Сарти – Ситонија на вториот крак на Халкидики.
Околу 150 мигранти во Босна и Херцеговина ноќта ја поминаа под ведро небо на граничниот премин Маљевац, а денеска со автобуси треба да бидат префрлени во новиот прифатен центар во Бихаќ.
Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ноќеска е регистриран во Јонското Море во близина на западниот грчки туристички остров Закинтос.
Претседавачот на Комитетот за надворешни работи и известител на Европскиот парламент за Србија Дејвид Мекалистер денеска оцени дека Косово ги исполнило сите услови за визна либерализација и изрази очекување членките на ЕУ да го препознаат тој успех и да дадат зелено светло за слободно движење на државјаните на Косово.
Косовскиот вицепремиер Дардан Гаши изјави вечерва дека Владата и претседaтелот на Косово Хашим Тачи се договориле на преговорите во Брисел за изнаоѓање конечно решение за споровите со Србија, да не се разговара за границата меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.