Новата власт во Босна и Херцеговина треба што побрзо да биде воспоставена согласно изборните резултати од 7 октомври, но мора да се спроведе и пресудата на Уставниот суд за измена на изборниот закон, изјави денеска во Сараево генералниот секретар на австриското сојузно Министерство за Европа, интеграција и надворешни работи Јоханес Петерлик.
Српската опозициска Лига на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ) на Ненад Чанак, побара денеска итно разрешување на министерот за одбрана Александар Вулин, тврдејќи како општеството страда поради голема штета од „деструктивната политичка активност“ на Вулин и со оценка дека тој е „само пример на туѓи интереси, бидејќи со неговите политички постапки управува Москва” .
Министерот за инфраструктура на Косово, Паљ Лекај, ја одложи посетата на Општина Грачаница, откако локалната власт одби да истакне симболи на Косово во просториите каде што беше предвидено да се одржи состанокот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во Босна и Херцеговина најмалку едно лице дневно се откажува од босанскохерцеговско државјанство. Според податоците на Министерството за цивилни прашања, Босна и Херцеговина во изминатите 20 години останала без повеќе од 80.000 граѓани, што значи дека во БиХ нема жители колку еден град.
Основачот и поранешен сопственик на Агрокор Ивица Тодориќ во следните десетина дена ќе биде испорачан на Хрватска, одлучи судија од Високиот суд во Лондон.
Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово Авдулах Хоти најави дека опозицијата ќе поднесе ново барање за одржување на вонредната собраниска седница и усвојување на резолуција со која се бара за прашањето на границите со Косово да не се расправа на дијалогот со Србија во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.
Изјавата на германскиот пратеник во Бундестагот Питер Бајер дека условот за влез на Србија во ЕУ е де јуре признавање на Косово е –неприфатлив и ги дестабилизира односите меѓу Белград и Приштина, речиси целосно ја затвора вратата за понатамошни разговори и ги охрабрува Албанците да продолжат да се спротивставуваат на секое компромисно решение
Преку неговиот официјален Твитер профил, министерот за одбрана на Грција и лидер на Независни Грци, вели дека се лажни објавите во медиумите, според кои на минатонеделната владина седница говорел за 50 милиони евра од Сорос за грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.
Нова демократија, преку заменикот надлежен за правда, господинот Карагунис, до обвинителката од Врховниот суд, госпоѓата Ксени Димитриу, го достави видеото на Никос Коѕијас во кое меѓу другото открива дека господинот Панос Каменос обвини за финансирање министри од страна на Џорџ Сорос.
Ние сме горди за Договорот од Преспа и сме горди што вртиме страница, не само во односите со соседниот народ, туку и за целиот Балкан, вели министерот за инфраструктура,транспорт и врски на Грција, Христос Спирѕис во интервју за грчкото радио “Тема 104.6”