Во веќе виденото сценарио, со викање, свирење, упатување навреди од страна на опозициските демократи, за само неколку минути заврши денешната пленарна седница во албанскиот Парламент.
Европската Унија и други финансиски институции ќе го поддржат проектот за реконструкција на пругата Вора (во близина на Тирана) - Хан Хоти (на албанско-црногорската граница), која минува низ северниот дел на Албанија, со околу 368 милиони евра.
Вонредната резолуција е на иницијатива на грчката владејачка партија Нова демократија, а на пленарната седница на Конгресот ја презентираше секретарот за меѓународни односи и пратеник Тасос Хаѕивасилиу.
-Ана Брнабиќ е моето најпозитивно изненадување, таа најмногу напредуваше, се бореше толку силно и храбро, изјави претседателот Александар Вучиќ.
Унгарија испрати уште 33 полицајци на границата меѓу Србија и Македонија како дел од борбата против илегалната миграција, објавено е на веб-страницата на унгарската полиција.
Собранието едногласно ја изгласа оставката на Николај Денков со 216 гласа „за“. Претстојат преговори за кабинет на чело со Марија Габриел.
Според истрагата, кажа Дојчиновиќ, Стефановиќ му доделил на Шариќ двајца негови соработници од полицијата да му помагаат на кланот, но и тој лично доставувал доверливи информации на оваа група.
Мицотакис посочи дека ова е и „најдобриот, најживописниот потсетник дека се води вистинска војна“, која ги погодува и невините граѓани.
Словенечкиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП), Матјаж Немец, е назначен за известувач на Советот на ЕП за укинување на визите за граѓаните на Косово кои поседуваат пасоши издадени од Србија, јави Радио Слободна Европа (РЕЛ) на албански јазик.
Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани денеска ја коментираше реакцијата на Грција по вчерашната пресуда на реизбраниот градоначалник на општина Химара, Фреди Белери.