Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок денеска во Сараево изјави дека Босна и Херцеговина мора да ја искористи историската можност за отворање на пристапните преговори со Европската унија.
Во Србија новинарите се изложени на заплашување и притисок, законот им овозможува на државните компании да купуваат приватни медиуми и со тоа да ги национализираат, а Србија се уште само делумно ја декриминализираше клеветата, соопшти денеска Советот на Европа.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ганас во интервју за грчката телевизија ЕРТ, посочи дека земјотресите продолжуваат и не е нешто што е вообичаено за конкретниот регион.
Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, денеска два часа беше на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, јавија медиумите.
Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала изјави дека многу брзо меѓу Албанија и Обединетите Арапски Емирати ќе биде потпишан договор за екстрадиција на лицата од светот на криминалот, албански државјани, кои се кријат во оваа земја, главно во Дубаи.
Преку видео објавено на Тик Ток, Мицотакис детално и практично објаснува што предвидува и што не предвидува новиот закон што веќе доби зелено светло од Парламентот.
Владата на Црна Гора јасно покажа дека е посветена да работи на реформите што ќе ја доведат до Европската унија, изјави денеска во Подгорица германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Денешната пленарна седница што требаше да се одржи доцна попладнево, само што почна заврши, поради нередот што го создадоа демократските пратеници-приврзаници на Сали Бериша.
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер порача дека Косово мора да покаже континуирана волја и креативност во дијалогот со Србија, за да може да си го отвори патот за членство во меѓународните организации, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави распуштање на хрватскиот Сабор најдоцна на 22 март, по што претседателот Зоран Милановиќ ќе распише избори во рок од 30 до 60 дена.