Тој додаде дека во Белград може да се види дека доколку нема политичка стабилност, многу време ќе се потроши за прашања од второстепена важност.
Високиот претставник Кристијан Шмит на Дипломатскиот форум во Анталија истакна дека од најголема важност е властите на БиХ да ги исполнат потребните услови за да ја искористат можноста и да започнат преговори за членство во Европска Унија.
Тој кажа дека тоа ќе значи дека имате ситуација некој што има работна дозвола, на пример во Албанија, може да работи во Србија и обратно.
Министерството за надворешни работи на Црна Гора се огради од потезите на претседателот на Парламентот на Црна Гора Андрије Мандиќ и службите на Парламентот во врска со настаните за време на посетата на претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Србија се обидува да го попречи напредокот на регионот во евроинтеграциите и побара од западните земји да реагираат на тоа со давање членство на Косово во Европската Унија, јави дописникот на МИА од Приштина.
На свеченоста на отворањето на воздухопловната база во Кучово, албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши истата ја оцени како привилегија и знак на доверба кон Албанија, но исто така и „богатство за целиот регион“.
Премиерот на Албанија Еди Рама, со објава на својата официјална страница на „Фејсбук“ сподели видео од моментот на склопување на беспилотните летала „Бајрактар“ кои, како што вели, ќе го направат првиот лет на церемонијата на отворање на воздухопловната база.
Во северна Грција, просечната максимална температура за зимата 2023-2024 година била два до три степени над просекот од периодот 1991-2020 година, додека во останатиот дел од земјата била за еден до два степени повисока.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги продолжува консултациите за кандидатот за премиер на Србија со разговори со листите „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ и „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“.
Директорот на АРЦ ги негира тврдењата дека има недостиг на материјали за издавање пасоши, но вели дека одвреме-навреме се појавувале проблеми.