Претседателството на владеачката Српска напредна странка (СНС) на денешната седница донесе одлука да се одржат нови избори за Собранието на град Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
Алексиќ за весникот Нова изјави дека во месните комитети на партиите кои ја сочинуваат оваа коалиција веќе се разговара за заеднички кандидати за градоначалници на Ниш и Нови Сад, како и на Белград.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го прими премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и порача дека односите меѓу двете земји и двата народа се на историско високо ниво.
Вучиќ истакна дека Западот од Србија очекува три работи.
Албанските медиуми јавуваат дека починало лицето кое управувало со кранот, а од здобиените изгореници во болницата за трауматологија во Тирана починал и неговиот 20-годишен син, кој бил во кабината на кранот.
Српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ денеска изјави дека Босна и Херцеговина не може да се движи кон Европската Унија доколку самата не ги исполни своите европски обврски.
Во изјава за новинарите по денешната седница на Претседателството на Собранието, Кусари-Лила рече дека е бесмислено мерките да продолжат да важат против Косово, додека има информации за агресивното однесување на Србија, кон која не се преземаат никакви мерки.
Како дел од ембаргото на Европска Унија поради војната во Украина, Бугарија денеска го прекина увозот на нафта од Русија.
Се зголемува бројот на албанските граѓани кои добиваат државјанство во земја на ЕУ. Само во 2022 година 50.000 добиле пасош на земја од Европската Унија и според овој показател, тие се на трето место во Европа, по Мароканците и Сиријците.
Во интервју за грчката телевизија „Стар“, Макбет истакна дека легализацијата на истополовите бракови во Грција е „одличен чекор во вистинската насока за земјата“.