-Важно е денес на сите да им биде јасно што се случи во Србија: во Европската унија сите знаат дека изборите се украдени и дека воопшто нема услови за одржување на избори, изјави Алексиќ за телевизија „Нова“, соопштија од СПН.
Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Лумир Абдиџику, изјави дека Косово не треба да биде „колективен заложник на едно популистичкото политичко лудило“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Жалење беше изразено и поради тоа што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на изборите во декември „систематски ги злоупотребуваше институциите и медиумите“, поради што изборите не беа во согласност со меѓународните стандарди и не беа одржани под фер услови.
Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Оливер Вархеји изрази благодарност до ЕУ за сè што прави за евроинтегративниот пат на Балканот и напорите економски да му помогне на регионот.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека во Тирана, на самитот Украина – Југоисточна Европа, Србија не потпишала никакви аранжмани и договори со претседателот на Украина Володимир Зеленски за соработка во однос на оружје и муниција.
Според него соработката помеѓу земјите од Западен Балкан е основен услов за членство во ЕУ, што не е само принцип на добро однесување, туку и критериум за процена на зрелоста на земјите преку нов план за раст.
Европскиот комесар за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеји, на самитот Западен Балкан - ЕУ, што денеска се одржува во Тирана, изјави дека планот за раст е амбициозен и оти предвидува двојно зголемување на средствата за Западен Балкан.
Сите членови на подгоричкиот Одбор на Движењето Европа сега (ПЕС) поднесоа оставки од сите функции во партијата и ќе продолжат со својата работа согласно Програмата презентирана пред граѓаните, соопшти денеска одборот.
- Значи, не само на Западен Балкан и не само на глобално ниво, туку и во Европа, таа (Србија) беше лидер, за жал, во намалувањето на правата и граѓанските слободи на граѓаните, изјави Карпи за Гласот на Америка (ВОА).
Лидерите на Западен Балкан се собраа денеска во Тирана на самит посветен на европската интеграција на регионот и спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан.