- Значи, не само на Западен Балкан и не само на глобално ниво, туку и во Европа, таа (Србија) беше лидер, за жал, во намалувањето на правата и граѓанските слободи на граѓаните, изјави Карпи за Гласот на Америка (ВОА).
Лидерите на Западен Балкан се собраа денеска во Тирана на самит посветен на европската интеграција на регионот и спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан.
Стано во објавата додава и дека ЕУ го поздравува тоа што властите на Србија изразиле подготвеност да работат заедно со ОБСЕ/ОДИХР за спроведување на наведените препораки во извештајот.
По денешниот самит за Украина, Тирана утре ќе биде домаќин на уште еден важен настан, самитот Западен Балкан - Европската унија.
Зеленски и Милатовиќ разговараа во Тирана, каде што учествуваа на Самитот Украина - Југоисточна Европа.
Во заедничката декларација, усвоена од учесниците на денешниот Самит Украина-Југоисточна Европа, одржан во Тирана,, се наведува дека „учесниците едногласно ја осудуваат руската агресија врз Украина“.
По средбата, Мандиќ и Додик одржаа медиумска конференција на која исто така не беше истакнато знамето на државата Босна и Херцеговина, туку само на Црна Гора и на Република Српска.
На заедничката прес-конференција во Тирана со украинскиот претседател Володимир Зеленски, албанскиот премиер Еди Рама уште еднаш повтори дека Албанија има аспирации за влез во ЕУ, која ја опиша како „не рај, туку среќен пекол“.
Според истражувањето „Пулсот на јавноста“ објавено денеска од Програмата на ОН за развој (УНДП), најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Косово се сиромаштијата (28,6 отсто), невработеноста (19,2 отсто) и високите цени на основните артикли (8,9 отсто).
Владата на Словенија ги отфрли плановите на лидерот на опозицијата Јанез Јанша за преместување на Словенечката амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Јанша ја изрази својата поддршка и за Владата на Бенјамин Нетанјаху во нападите врз Газа.