Потпретседателката на Странка за слобода и правда (ССП) Мариника Тепиќ на прес-конференција на опозицијата во српското Собрание по повод извештајот на ОДИХР за изборите изјави дека со него се става крај на потврдата дека изборите во Србија на 17 декември се украдени, јави дописникот на МИА од Белград.
Хрватскиот Сабор денеска го отфрли предлогот на опозициските партии за распуштање и распишување парламентарни избори, а владејачката ХДЗ оцени дека ова е уште еден срам за опозицијата.
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, поранешен заменик-претседател на Движењето Европа сега (ПЕС), денеска изјави дека не сака неговата оставка од членството во партијата да ја оптоварува црногорската јавност, ниту да им наштети на неговите поранешни сопартијци.
Српската премиерка Ана Брнабиќ за извештајот на ОДИХР на прес конференција, кажа дека тој конечно става крај на сите лаги и глупости и приказни за кражба на избори кои се појавија во јавноста по изборите во Србија на 17 декември минатата година, јави дописникот на МИА од Белград.
Фајон рече дека учествувала на седниците на Генералното собрание и на Советот за безбедност на ОН за да покаже поддршка за Украина.
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган преку видео-порака се обрати на Самитот Украина-Југоисточна Европа, што се одржува во Тирана, во која истакна дека „Турција ја поддржува независноста, безбедноста и територијалниот суверенитет на Украина“.
Протестот, на кој според проценките на полицијата присуствуваа над 20.000 лица, заврши со мали инциденти, кога непознати лица фрлија неколку молотови коктели кон зградата на Парламентот и полицајците, кои одговорија со шок бомби.
Албанскиот премиер Еди Рама и украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција по Самитот Украина - Југоисточна Европа, предупредија на руската закана на Балканот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешниот Самитот Украина - Југоисточна Европа во Тирана предложи дека треба да се формира посебен форум за одбранбената индустрија помеѓу Украина и земјите од Западен Балкан.
Албанскиот премиер Еди Рама, во својот говор на почетокот на Самитот Украина - Југоисточна Европа во Тирана, ја истакна потребата да се поддржи Украина и да се запре руската агресија.