Како што додаде, српската делегацијата што ја предводел била составена од претставници на Министерството за финансии и на Поштенската штедилница.
Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија Мирослав Лајчак денешната средба на претставниците на Белград и Приштина ја оцени како важен прв чекор, но дека се неопходни и други средби бидејќи многу политички прашања остануваат неодговорени.
Според информациите на АНА-МПА од грчката полиција, за истиот случај се испитуваат уште две лица кои се во затвор, а паралелно биле извршени претреси во десет домови од каде е одземен материјал што дополнително ќе се истражи.
Шефот на грчката дипломатија истакна дека со неговата бугарска колешка го потврдиле „највисокото ниво во стратешкиот карактер на односите меѓу Грција и Бугарија, кои претставуваат модел на соработка меѓу соседните земји кои делат заедничка европска иднина“.
Премиерот на Албанија Еди Рама упатил писмо со благодарност до американскиот државен секретар Ентони Блинкен за оценките што ги искажал за време на неколкучасовниот престој во Тирана.
Црна Гора мора да ја искористи големата можност и поволниот момент за да го забрза својот европски пат, беше речено на денешната средба меѓу црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и европскиот комесар за соседство и проширување, Оливер Вархеји, кој е во официјална посета на Црна Гора.
Во Брисел денеска се одвива нова рунда од дијалогот Белград – Приштина, што почна со билатерална средба на директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак.
Косовскиот вицепремиер, воедно и главен преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека, иако помина една година од бриселскиот договор, Србија се уште одбива истиот да го потпише, со што ја попречува нормализацијата на односите меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тодориќ вели дека по процедурата на основачкото собрание каде имало 120 членови и појавувањето во медиумите, за два дена членството се зголемило на 2.000, а очекува да ги има многу, во илјадници.
Првиот ќе се одржи утре, на 28 февруари, кога за првпат во земјата ќе се организира самит посветен на Украина, на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вечер треба да пристигне во албанскиот главен град.