Чеку објави дека дошол до документација, односно список со имињата на политичарите во Приштина на кои КФОР наводно им ја изрекол оваа забрана.
Не постои никакво прашање за испраќање европски сили на НАТО во Украина, порача грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по завршувањето на конференцијата за поддршка на Украина што вчера се одржа во Париз, јави дописничката на МИА од Атина.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај и го честиташе членството на Шведска во НАТО порачувајќи дека "Алијансата сега е посилна и пообединета".
Пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и самитот Украина - Југоисточна Европа, безбедносните мерки во Тирана се подигнати на највисоко ниво.
Просечната нето плата во Србија во декември 2023 година изнесува 95.093 динари, додека просечната бруто-плата 130.405 динари, соопшти денеска Српскиот завод за статистика.
Основниот суд во Приштина донесе денеска ослободителна пресуда за актуелниот претседател на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, обвинет за фрлање солзавец во собраниската сала за време на пленарна седница во 2016 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон е хоспитализирана, а лекарите се сомневаат на инфекција на бубрезите.
Косовскиот премиер Албин Курти објави дека денеска потпишал договор со Европската банка за развој и обнова (ЕБОР) за инвестиции од 400 милиони евра во главните сектори за економски развој на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Сојузниците почнаа да му ја откажуваат лојалноста на Сали Бериша, лидер на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија, кој е во домашен притвор поради вмешаност во корупција.
За време на својот тригодишен мандат во Советот за човекови права при ОН, Албанија ќе се залага за вечните принципи на човековите права и достоинство и за изградба на свет каде што секој човек ќе може да го реализира својот целосен потенцијал и да живее со достоинство и почит, изјави албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани во Женева.