Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата влада ја исполнува преземената обврска за операционализација на Институтот за документирање на злосторствата извршени од страна на Србија за време на војната во Косово во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека Инвестицискиот самит за Западен Балкан 2024 година ќе се одржи в понеделник, на 26 февруари, во седиштето во Лондон.
Хрватските земјоделци од источна Хрватска, ќе протестираат поради состојбите во земјоделскиот сектор и во знак на поддршка за германските земјоделци кои протестираат, јавија хрватските медиуми. Протестот го организира поранешното здружение на земјоделци „Бразда“.
-Колку што сум информиран, имаме мнозинство за Белград, но постои разлика, изјави Вучиќ во утринската програма на ТВ Прва.
-Смртта на Навални е „уште една искра“, а во Минхен видовме навивачки пристап, броење и сумирање како да се победи непријателот, а не долгорочен поглед на иднината, изјави Вучиќ за ТВ Прва по враќањето од Минхенска безбедносна конференција.
Сточарите од јужната албанска околија, Ѓирокастро излегоа на улиците за да протестираат против неисполнетите барања на Министерството за земјоделство.
Вучиќ за ова им кажа на новинарите од Србија во Минхен, каде што учествува на Минхенската безбедносна конференција и каде разговараше со Борел и Лајчак.
Поранешниот шеф на албанската дипломатија и актуелен лидер на Либерално-демократскиот сојуз, Аријан Старова, најави дека обединетата опозиција ќе достави барање следните избори во земјата, кои ќе се одржат во април идната година, да бидат спроведени од техничка влада.
Земјоделците од цела Грција и во текот на викендот продолжуваат со блокадите и активностите во пресрет на протестот во Атина што го закажаа за вторник попладне, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај преку објава на социјалните мрежи, на сите Албанци им ја честиташе 16-годишнината од независноста на Косово, оценувајќи дека „овој посебен ден го означува крунисувањето на соништата на албанскиот народ на Косово, за слобода и независност“.