Патријархот на Српската православна црква Иринеј, изјави синоќа во Бања Лука дека Србите треба да му бидат благодарни на Бога што им подарил човек каков што е претседателот Александар Вучиќ кој „лавовски се бори“ за српскиот народ.
Независни Грци остануваат на нивниот став дека не се согласуваат со употребата на терминот Македонија во името на нашата земја. Оваа позиција уште еднаш ја повтори и потврди портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу, во интервју за радиото 24/7.
Србија годинава ќе добие нов државен празник – Ден на Св.Кирил и Методиј. Овој празник, доколку предлогот биде усвоен од Владата, ќе се одбележува на 24 мај, пишува „Вечерни новости“.
Портпаролот на грчката Влада Димитрис Цанакопулос ги демантира шпекулациите на медиумите на албански јазик дека е постигнат напредок во спорот околу името и дека е договорено Македонија да го промени името во „Република Нова Македонија“.
Сложено име со географска одредница, име за сите и за севкупна употреба (ерга омнес) и откажување од секакви иредентистички изјави или пракси од страна на Скопје – се трите предуслови во „црвените линии“ на грчката опозициска Нова демократија.
-Златна зора беше тука за да протестира за распродажбата на името на Македонија, кое што за целиот грчки народ не е само едно име, туку е нивната душа и нивната историја, рече лидерот на партијата, Никос Михалољакос.
Познатиот грчки композитор Микис Теодоракис се залага за почитување на одлуката од 1992 година, од состанокот на лидерите на сите грчки политички партии, за неприфаќање на име за северниот сосед со терминот Македонија.
Грција претпочита сложено име што ќе ја разликува „ПЈРМ“ од грчка Македонија и кое ќе биде за севкупна употреба, изјави министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, јавува дописникот на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи на Грција, според грчките медиуми, за време на седницата на Владата, ги известил министрите за грчките позиции во преговорите за името.
Бугарскиот амбасадор во Брисел, Димитар Чанчев, денеска појасни дека Бугарија ќе не нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија за време на своето претседавање со ЕУ во наредните шест месеци.