Американскиот државен секретар, Антони Блинкен му ја честита 16-годишнината од независноста на Косово, со порака дека „САД го ценат стабилното партнерство и пријателството меѓу двата народи“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во делегацијата предводена од сенаторот Џин Шахин, член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот и претседавач на поткомитетот за Европа, се и сенаторите Пит Рикетс и Крис Марфи.
Од Коалицијата „Србија против насилство“ (СПН) порачаа дека нема да дозволат да се формира власт во Белград и не сакаат да зборуваат за подетален план пред конституирањето на градското собрание на Белград.
Тој праша и што слави Приштина и на што им честитаат земјите што ја признаа еднострано прогласената независност на Косово, што Народното собрание на Србија го прогласи за правно ништовно.
Косово денеска ја одбележува 16-тата годишнина од прогласувањето на независноста на државата и по тој повод Владата се собра на празнична седница, додека републичкото Собрание ќе одржи свечена седница, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тој најави дека учествувал на панел во рамките на Минхенската конференција на која се разговарало за иднината на Западниот Балкан.
Во синоќешната објава на својот Фејсбук, Свечља рече дека ова е важен чекор и како таков ќе има целосен ефект кога Србија, која според него „ги засолнува и штити терористите“, истите ќе им ги предаде на косовските власти за да одговараат пред правдата.
„Во периодот од 18 април до не знам кој мај или некој ќе избере претседател на собрание, или ќе има избори до крајот на мај и почетокот на јуни, тоа е прашање на закон, а не по ничија волја“, рече Вучиќ.
Потпретседателката и пратеничка на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Хикмете Бајрами, упати критики на политиката на премиерот Албин Курти, набројувајќи ги, според неа, бројните неуспеси на неговата Влада и штетите што ѝ ги нанесоа на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според Фламур Нока, кој го заменува Бериша, денешното обединување на опозицијата е во „согласност и со целосна почит кон гласот на 670 илјади Албанци кои гласаа за нејзината коалиција на 25 април 2021 година“.