По повеќе од два часа поминати во премиерската палата во Атина, на мини министерскиот состанок, што според грчките медиуми, вонредно го закажа Алексис Ципрас за прашањето за името, како што јавува дописникот на МИА од Атина, Никос Коѕијас и Панос Каменос излегоа со истите, досега познати позиции.
Грција сака оваа година да го реши деценискиот спор за името со Македонија, изјави во четвртокот министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, што се оценува како потег којшто би можел да ја деблокира амбицијата на земјата за влез во Европската унија.
Неколку министри од грчката Влада, меѓу кои и шефот на дипломатијата Никос Коѕијас и коалицискиот партнер во Владата и министер за одбрана Панос Каменос учествуваат на состанокот во премиерската палата, свикан од премиерот Алексис Ципрас.
Американскиот заменик-помошник државен секретар задолжен за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји во интервју за ТВ Н1 денеска изјави дека Србија има можност да го забрза процесот кон ЕУ.
Во интервјуто за Еуроњуз Грција, портпаролот на грчката Влада, го повторува истото она што, како што објави МИА завчера, го кажа говорејќи за државната ТВ ЕРТ, дека во 2018-та може да се најде решение за прашањето за името.
Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија има многу поголемо црковно и историско право да ѝ биде Црква-Мајка на МПЦ-ОА, затоа што со неа не поврзува долгогодишна заедничка црковна историја, почнувајќи од Охридската архиепископија, а потоа и заедничката Егзархија.
Двајцата партијарси заеднички ќе служат литургија во обновената бугарската црква „Свети Стефан“, позната како Железна црква, во Истанбул на 7 јануари.
Барањето на македонската црква од бугарската црква да и биде мајка црква нема никаква канонска ниту историска основа и е доказ за незрелост, изјави српскиот патријарх Иринеј во синоќешното интервју за ТВ Храм.
Премиерот Алексис Ципрас, вчера, имаше телефонски разговор со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, по повод неговата посета на Солун, за да му ја честита Новата година, стои во соопштението од кабинетот на Ципрас.
Според солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, на неодамнешната средба во Солун македонскиот премиер, Зоран Заев, му ветил дека ќе ги смени името на аеродромот и таблите на улиците.