Грчката полиција уапсила деветмина турски левичари кои планирале атентат врз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на неговата посета на Грција, соопштија грчките медиуми.
Двајцата претседатели се очекува да разговараат за воена соработка, по неодамнешната испорака на шест борбени авиони МиГ-29 од Русија на Србија, како и за набавката на ракетни системи Бук-2 и Панцир.
– Светиот синод на Грчката православна црква, на состанокот одржан во четвртокот, ја разгледал одлуката на Бугарската православна црква (БПЦ) да преземе улога на мајка црква на „расколничката црква на Македонија“, соопшти грчкиот православен сајт romfea.gr.
Првиот човек на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи ја прекина денешната парламентарна седница по жестоките реплики и навреди, особено меѓу актуелниот премиер Еди Рама, поранешниот претседател на Албанија, Сали Бериша и пратеникот Фљамур Нока.
Хаос владее на улиците во Атина, предизвикан од генералниот штрајк на кој повикаа синдикатите против економските мерки и реформите во секторот труд и социјала, јавуваат грчки медиуми.
Весникот го оценува проектот како „сензационален” и истакнува дека се бараат инвеститори, кои ќе ги преземат високите трошоци за изградба на пловниот коридор чија цел е поврзување на реките Дунав, Морава и Вардар.
Српската Влада одлучи сметководствените документи, вклучувајќи ги и фактурите, да не се печатат ниту да содржат печат или потпис, се наведува во соопштението на Канцеларијата за соработка со медиумите на Владата на Србија.
На над еден милион даночни обврзници во Грција имотот веќе им е конфискуван поради задоцнети обврски кон банките, соопшти „Катимерини“.
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин кажа дека македонскиот премиер Зоран Заев не стоел на зборот, по изјавата дека Приштина може да смета на поддршката на Македонија во сите процеси.
Делови на Босна и Херцеговина од синоќа се зафатени со снежна бура и силен ветер, кои предизвикаа голема материјална штета.