Српската Влада до Собранието достави Предлог за измени и дополнувања на Законот за регулирање на јавиот долг на Србија, со кој се предвидува исплата на заостанатите девизни заштеди на сите штедачи од државите на поранешна Југославија.
Поранешниот репортер на Би-Би-Си, Пол Мартин за „Индипендент“ раскажува за своите искуства со поранешниот командант на силите на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, нарекувајќи го психопат.
Грчкото Министерство за финансии објави „црна листа на даночни раеви“, земји кои во 2016 година се сметаат дека не соработувале во даночната област, меѓу кои се и Македонија, Бугарија и Кипар.
По изрекувањето на првостепената пресуда во Хашкиот трибунал, Ратко Младиќ изјави, преку својот син Дарко, дека се додека е жив ќе се бори за откривање на правата вистина за борбата на Србите.
Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска изрази надеж дека казната доживотен затвор за Ратко Младиќ, ќе биде делумна сатисфакција за семејствата на загинатите, убиени, измачувани и исчезнати.
Пратеникот Ставрос Калафатис се повикува на изјавата на солунскиот градоначалник дека пред патувањето кај нас, разговарал со министерот за надворешни работи на Грција и го прашува Коѕијас за кои теми и за каква согласност станало збор.
Поранешниот воен лидер на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ беше отстранет од судницата во Хашкиот трибунал откако извика ова е „лага“, по што го вратија за да ја слушне пресудата.
Полноправното членство во Европската унија претставува апсолутен надворешно-политички приоритет на Белград, но Србија нема да ја признае независноста на Косово за да стане членка на Унијата, изјави во Буенос Аирес српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Од Србија не би требало да се бара да избира меѓу Западот и Русија, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ во интервју за „Фајненшал тајмс“, додавајќи дека врските на договорот со Москва не се пречка за кандидатурата на Белград за членство во Европската Унија.
Јанис Бутарис вели дека е комплетно рамнодушен и потенцира дека тоа не им оди во прилог на напорите што се прават за подобрување на односите меѓу двете земји.