Американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Брајан Ји при неодамнешната посета на Белград ни пренесе пораки од САД кои се тешки за нас, но не ни се нови, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ истакна дека, Србија оценува оти едностраното прогласување независност на Каталонија нема никаво правно дејство и укажува на тоа дека постои сличност со едностраниот акт на Косово.
Инспекцијата во Србија повлече од пазарот 4,3 тони од млечното чоколадо „Банат“, поради откриена мувла.
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во неговиот говор во Офицерскиот клуб во Солун повторно ја обвини Македонија за фалсификување на историјата, за користење име кое наводно не и припаѓа и за изразување иредентистички тензии.
Тензичната средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот помошен државен секретар Хојт Ји исфрли на виделина дека меѓу Србија и САД постојат длабоки несогласувања околу прашањето за Косово и дека Белград е изложен на голем притисок.
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин рече дека изјавата на заменикот помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји е досега „најтежок јавен и многу недипломатски притисок врз Србија“ и нејзиното право самостојно да одлучува.
Грција во моментов поседува трговска флота, танкери и други товарни бродови, во вредност од 35,3 милијарди долари, и по овој показател земјата и годинава е на прво место во светот.
Државите кои сакаат да влезат во ЕУ мора јасно да ја покажат таа одлука. Не може да седите истовремено на две столчиња, изјави денеска во Белград заменик помошникот на американскиот државен секретар Хојт Брајан Ји.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пред новинарите изјави дека е можно одржување на вонредни парламентарни избори, доколку опозицијата толку „жестоко ги посакува".
Прашан што за него претставува прифатлив комромис за името, Папандреу вели дека не сака да навлегува во детали од преговоирте, но додека бил премиер и министер за надворешни работи, а и кога бил во опозиција, укажувал дека мора да се најде компромис.