Хрватската полиција утрово, во рамки на акцијата „Агрокор“, изврши претрес во „Кулмеровата палата“ во Загреб, сопственост на основачот на концернот „Агрокор“, Ивица Тодориќ.
Новосадскиот фестивал Еxit кој во јули се одржа по 18-ти пат, досега на српската економија и донел повеќе од 150 милиони евра, се вели во резултати на анлиза на ТИМ Центар од Нови Сад.
Србија е искрен пријател на Турција, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на состанокот во Белград меѓу српската и турската делегација, на кој учествуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во Црна Гора има 48 милионери, а најбогатиот од нив има речиси 40 милиони евра на сметки во банките во земјата, соопшти Централната банка на Црна Гора.
Србија во текот на следниот месец ќе купи од Белорусија ракетен систем С-300 и седум авиони ловци од типот МиГ-29, тврди весникот „Српски телеграф“.
Турција и Србија се двете клучи земји за Балканот и нивната соработка е од суштинско знаење за одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на Полуостровот и во Европа, наведува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Суд во Босна и Херцеговина денеска го ослободи воениот командант на босанската Армија, Насер Ориќ од обвинувањата за злосторства врз затвореници од српска националност на подрачјето на Братунац и Сребреница.
За време на посетата во Србија ќе биде применета екстремна мерка на безбедност, односно покај неговото лично обезбедување, за турскиот претседател ќе се грижат и 3.000 српски полицајци.
Таканаречената „Тиранска платформа“ не е причината што Груевски не е повеќе на власт, рече Еди Рама во интервју за германски „Стандард.
Официјална Приштина сериозно ја разгледува можноста да се откаже од барањето за членство во УНЕСКО како јасен сигнал до Србија дека Косово го помага процесот на дијалог, изјави косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли во интервју за Дојче веле.