Првата парада на гордоста во Косово ќе се одржи на 10-ти октомври во Приштина, под слоганот „Во името на љубовта”, објавија косовските медиуми.
Пред 17 години заврши владеењето на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, а одбележувањето на петто-октомвриските демонстрации веќе речиси и да не постои.
Косовското Министерство за надворешни работи соопшти дека „прагматичното одложување“ на барањето на Приштина за членство во Интерпол и во УНЕСКО е засновано врз целосна и блиска соработка со САД, Британија, Франција, Германија и Италија.
Европскиот Парламент денеска го поддржа Предлогот од Советот на ЕУ за делумен пристап до базата на Шенген за Бугарија и Романија.
Грција и Македонија треба да најдат решение за меѓусебниот спор како што тоа го направија Софија и Скопје, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Варна ќе учествува на самит заедно со премиерите на Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Михај Тудосе и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Брнабиќ по итните консултации во претседателството на Србија изјави пред новинарите дека таа ќе го предаде писмото за време на нејзината посета на Брисел на 10 и 11 октомври.
Грција го поддржува приклучувањето на „поранешната југословенска република Македонија“ во ЕУ, но со почитување на европските принципи, изјави денеска грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Словенечката Влада сепак, потврди дека „во тој случај Агенцијата за спречување перење пари примила извештај за сомнителни трансакции во јуни 2010 година во врска со перење пари и финансирање тероризам“.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека ставот на Европската комисија оти референдумот за независност на Каталонија е нелегален, е најдобар пример за двојните аршини и лицемерито на светската политика.