- Кога станува збор за Македонија јасно е дека се додека таа инсистира на користење на името кое 'освен што е предизвикувачко фалсификување на историјата, повлекува со себе и иредентизам', сама ја поткопува својата европска перспектива, нагласува Павлопулос.
Графити „Војводина=Каталонија“ се појавија денеска на повеќе места во Војводина, јавуваат локални медиуми.
БИХ нема да ја признаат независноста на Косово ниту, пак, ќе го разгледуваат ова прашање до крајот на мандатот на актуелниот Совет на министри, односно владата, порача денеска босанскиот министер за надворешни работи, Игор Црнадак.
Според Ципрас, политичката криза во која ЕУ неодамна се најде е резултат на недоволно ефикасно решавање на економската и мигрантската криза во Европа.
Коѕиас изразил надеж дека до крајот на ноември ќе има првични резултати од работата на оваа комисија и како што кажал „да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии.“
Српски независни медиуми презедоа денеска протестна акција поради како што наведуваат, фактот што претседателот Александар Вучиќ се обидува да „ја затвори устата“ на слободните медиуми со закани и финансиски притисок.
Новинарката го праша Вучиќ дали кризата била поради евентуалното гласање за влез на Косово во УНЕСКО, а не поради прислушувањето кое што не постоело, како што објавиле македонските медиуми.
Хрватската Влада подготвува закон за правата на бранителите, со кој првпат Србија, Црна Гора и српското национално малцинство во Хрватска се оквалификуваат како „агресори“.
Вториот канал на албанската државна радио телевизија РТШ-2, денеска почна со емитување емисии на јазиците на малцинствата, вклучувајќи ги и емисиите на македонски јазик.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во втората половина на октомври во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, јавија грчките медиуми.