Балканскиот полуостров денеска беше погоден од силно невреме, а најпогоден беше хрватскиот град Задар, каде што наврнаа повеќе од 200 литри дожд на метар квадратен.
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска му го додели мандатот за формирање на влада на кандидатот на коалицијата ПАН, Рамуш Харадинај, со што завршува блокадата што беше создадена по изборите на 11 јуни.
Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец денеска потврди дека Словенија во Париз ќе гласа против членството на Хрватска во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Врховниот суд на Хрватска ја потврди првостепената пресуда на судот во Дубровник, со што е утврдено дека се исполнети сите услови за екстрадирање на Исмаил Морина во Србија. Неговиот адвокат веднаш поднел нова жалба за одлуката.
Пристапниот процес треба да биде предвидлив и појасен, побараа денеска во Блед министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.
Вучиќ истакна дека го почитува македонскиот премиер Зоран Заев и оти немам проблем со тоа што се сретнал со Драган Шутановиќ.
Партијата Српска листа нема да го блокира формирањето на новите институции на Косово. Лидерот на партијата, Горан Ракиќ изјави дека поддржуваат секого кој го има потребниот број во Парламентот на Косово.
Могерини истакна дека Балканот е веќе во Европа, дека се наоѓа во срцето на Европа и дека балканските народи сакаат и заслужуваат исти шанси, иста безбедност и исти права како и сите други граѓани на европскиот континент.
„Го поздравувам Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија. Тој е важен за народите на Република Бугарија и на Република Македонија, но и за целиот регион“.
На граничниот премин Јариње не им бил дозволен влез во Косово на министерот за образование на Србија Младен Шарчевиќ и на директорот на канцеларијата за Косово и Метохија (КиМ) Марко Ѓуриќ, соопштија од канцеларијата за КиМ.