Во атинската населба Екзархија синоќа група анархисти со качулки на главите почнале да фрлаат со молотови коктели врз припадници на грчката полиција, при што избиле судири.
Три лица се уапсени во Белград поради сомневање дека ја загрозиле безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ откако со автомобил налетале во колона возила во која бил тој.
Советниците во градското собрание на градот Загреб синоќа по долга расправа донесоа одлука за преименување на Плоштадот Маршал Тито во Плоштад Република Хрватска.
Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа во интервју за „Радио Косово“ потврди дека „граѓаните ќе добијат шанса да се изјаснат на референдум за конечниот договор меѓу Приштина и Белград“.
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска ќе биде домаќин на неформалниот состанок во Брисел, каде ќе присуствуваат претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.
Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, соопшти денеска официјално грчкото МНР.
Претседателот на Албанија и Врховен командат на вооружените сили Илир Мета, со указ, за нов Началник на Генералштабот на албанската армија го назначи бригадниот генерал Бардул Колчаку.
Српската премиерка Ана Брнабиќ, за албанската телевизија „Орањуз“, изјави дека Србија нема да ја признае еднострано прогласената косовска независност.
Властите во Македонија треба да ја водат политиката во својата земја, но треба да знаат дека на нас ни е многу важно Косово да не биде член на УНЕСКО и Интерпол, изјави денеска српскиот министер за одбрана Александар Вулин.
Премиерот на Албанија Еди Рама, на денешната седница на Националното собрание го соопшти составот на новиот кабинет.