Македонија ќе биде воздржана доколку дојде до гласање за членство на Косово во Унеско, соопшти српската премиерка Ана Брнабиќ, по разговорот со премиерот Зоран Заев, на маргините на неформалниот самит на лидерите од Западен Балкан во Драч, пренесе РТС.
Дипломатскиот проблем меѓу Македонија и Србија се појави и беше решен така брзо што немаше потреба од вклучување на Европската унија, изјави еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Јоханес Хан.
Хан нагласи дека регионалната економска интеграција не е и не треба да се гледа како алтернатива за членството на земјите од Западен Балкан во Европската унија, туку како корисно дополнување во интерес на сите.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија не ја менувала одлуката што се однесува на името под кое ја признава Македонија.
Албанскиот премиер Еди Рама ќе биде домаќин на неформалниот состанок на премиерите од државите на Западен Балкан, што ќе биде одржан во Драч.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ја известил амбасадорката на Македонија Вера Јованвска Типко дека српската премиерка Ана Брнабиќ ќе упати покана до македонскиот премиер Зоран Заев за одржување заедничка седница на владите.
-Би било добро компетентните служби да ни кажат за што станува збор, а не да нагаѓаме, пред новинарите во Парламентот изјави Санда Рашковиќ Ивиќ, член на парламентарната група „Нова Србија – Движење за спас на Србија“.
Пропадна и најновиот обид за конститутивна седница на косовскиот Парламент, откако коалицијата ПАН призна дека нема доволно гласови за избор на претседател.
Движењето на слободни граѓани оцени дека политиката на српскиот претседател во последно време води кон конфликт во регионот, кој треба да биде спречен.
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос вчера повторно ја повика Република Македонија „да престане да шири ирентизам со кој си го поткопува својот европски пат“.